Променливо облачно со пороен дожд и грмежи

Времето во недела во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.

Утринскат температура  се движи од 13 до 20 Целзиусови степени, а дневната темперстура ќе се движи од 23 до 31 степени.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура достигна до 18 степени, а дневната температура до 30 степени.

Локален пороен дожд и грмежи во попладневните часови ќе има и од понеделник.