
Почина 58 годишна медицинска сестра од Берово. Таа е и првиот здравствен работник кој ја изгуби битката со вирусот од Малешевскиот регион, пренесува „Телма“.
Нејзиниот сопруг, инаку директор на Здравствениот дом во оваа туристичко градче е на болничко лекување во приватната клиника „ Жан Митрев“.
Според надлежните неговата состојба се подобрува. Инаку од пред два дена локалната власт повика на хуманост и граѓаните да донираат за болничкото лекување на двајцата познати здравствени работници во нивниот град, за кои беа потребни вкупно 24.000 евра.