
Крадци на столб за електрично осветлување во Чаир се фатени на дело откако биле пријавени од совесни граѓани.
„На улицата Цветан Димов во Чаир вчера беше пресечен и однесен еден од столбовите за улично осветлување. Благодарение на совесните граѓани кои го пријавија случајот, сторителите беа фатени на дело, заработија казни од градската инспекција и полицијата, а до крајот на денот столбот беше повторно подигнат на истото место“, напиша Шилегов на својот профил на Фејсбук.