
Откако пред јавноста се обрати лидерот на СДСМ, Зоран Заев, збор зеде и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тие ја информираа јавноста дека се договориле за заедничка владина коалиција, откако претходно имаа средба во Клубот на пратеници.
-Со задоволство сакам да ве информиран за постигнатиот договор за заедничка владина коалиција. Потребно е што е можно да ги конституираме институциите за подобра функција, а за потребите на граѓаните. Сигурен сум дека оваа одлука ќе биде поздравена од граѓаните, но и од меѓународниот фактор. Убеден сум дека денеска направивме многу добра работа. Убеден сум дека оваа влада досега ќе биде најуспешна, рече Ахмети.