
12 пратеници на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива размислуваат за бојкот на Собранието поради неисполнувањето на ветувањето од страна на ДУИ дека идниот премиер ќе биде Албанец.
Оваа идеја првично ја објави генералниот секретар на Алтернатива, Скендер Реџепи кој рече дека овој предлог ќе го достави до раководството на партијата.
Идејата на Реџепи ја поддржуваат и од Алијанса за Албанците од каде што велат дека ќе ја разгледуваат и ќе одлучат во текот на следните денови.
„Идејата на Реџепи е една од можните опции и тоа е многу логична идеја“, вели Таравари за ТВ21.