-2.2 C
Skopje
вторник, март 4, 2025

(ВИДЕО) Мишел Обама: Трамп не е дораснат за претседател

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, ривалот Берни Сандерс и истакнатиот републиканец Џон Кашич ги здружија силите за да покажат единство за поддршка на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден.

На конвенцијата, што се одржа во Милвоки, беше претставена широка коалиција против претседателот Доналд Трамп.

Поранешната прва дама Мишел Обама се залага за претседателство на Бајден на четиридневната виртуелна конвенција за официјално да го номинираат за демократски предизвикувач на Трамп на изборите на 3-ти ноември.

“Дозволете ми да бидам колку што можам искрена и јасна. Доналд Трамп е погрешен претседател за нашата земја. Тој имаше повеќе од доволно време да докаже дека може да ја заврши работата”, рече таа.

Потсетувајќи дека „ја мрази политиката“, поранешниот адвокат на Чикаго рече дека очекува нејзината порака да не ја слушнат сите: „Ние живееме во земја длабоко поделена, а јас сум црнка која зборува на демократски конгрес“.

Обама рече дека одговорот на Бајден е конзистентен и емпатичен пристап кон проблемите и ги повика гласачите да направат се што е потребно за Трамп да не победи.

“Кога и да бараме лидерство или утеха или нешто слично на истрајност во оваа Бела куќа, наместо тоа добиваме хаос, поделба и целосен недостаток на емпатија. Трамп не е дораснат да биде претседател”, рече Обама.