Финска ќе ги укинува сите летови од Македонија?

Финскиот министер за транспорт и врски Тимо Харака во понеделникот изјавил дека ќе предложи да се суспендираат летовите од Скопје кон Турку на состанокот на министрите на владата во вторник, објавија финските медиуми.

Предложената препорака на Харака следи по десетиците позитивни тестови за коронавирус кај патниците кои пристигнуваат од скопскиот аеродром. Дури 26 лица кои пристигнале со летот што слетал во Турку на 8 август биле тестирани за позитивни, додека пет позитивни тестови биле пријавени на друг лет од истата дестинација минатиот вторник. Дополнителни 12 случаи биле откриени на летот што пристигнал минатата сабота.

Тој истакнал дека мерката ќе биде привремена и додал дека слично дејствување не се разгледува за други летови.