Груби прв вицепремиер, Османи шеф на дипломатијата…, јавува Тетова сот

Двете победнички партии на изборите на 15 јули, ДУИ и СДСМ, постигнаа договор за заедничко владеење во наредните четири години.Во меѓувреме, албанската партија, покрај премиерот, ќе има и некои од најважните министерства, информира Тетова Сот

Тетова Сот од свои извори ги дознава имињата на оние што ќе ги предводат овие значајни министерства. Прв вицепремиер и министер за политички систем ќе биде Артан Груби, додека Бујар Османи ќе го предводи Министерството за надворешни работи. Исто така, според изворите на Тетова Сот, министер за финансии ќе биде Фатмир Бесими, министер за економија, Крешник Бектеши, додека Екологија ќе ја води сегашниот министер, Насер Нуредини, а Министерството за информатичкото општество и администрацијата ќе го води жена.

Министерство за финансии – Фатмир Бесими
Министерство за надворешни работи – Бујар Османи
Министерство за информатичко општество – Ширет Елези
Министерство за животна средина – Насер Нуредини
Министерство за економија – Крешник Бектеши
Министерство за политички систем и вицепремиер – Артан Груби