Ова е новиот владин состав

Познати се персоналните решенија во новиот владин состав, објави „360 степени“

Од редовите на СДСМ во новата влада на министерски позиции ќе бидат:

Љупчо Николовски – вицепремиер

Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија

Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања

Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи

Радмила Шекеринска – министерка за одбрана

Венко Филипче – министер за здравство

Мила Царовска – министерка за образование и наука

Бојан Маричиќ – министер за правда

Благој Бочварски – министер за транспорт и врски

Јахода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика

Ирена Стефоска – министерка за култура

Предизборниот коалиционен партнер на СДСМ, партијата БЕСА, го добива ресорот земјоделство, каде влегува Аријанит Хоџа, а Горан Милевски од ЛДП останува министер за локална самоуправа.

Од редовите на ДУИ во новата влада влегуваат:

Артан Груби – прв вицепремиер и министер за политички систем

Фатмир Бесими – министер за финансии

Бујар Османи – министер за надворешни работи

Крешник Бектеши – министер за економија

Насер Нуредини – министер за животна средина