
Социјалдемократите вечерва ќе ја одржат шеснаесеттата седница на Централниот одбор на партијата. Од партијата најавуваат дека по завршување на седницата, за заклучоците и одлуките на Централниот одбор, ќе следува изјава за медиумите.
„Поради обезбедување соодветни услови согласно мерките и протоколите за заштита од ковид – 19 седницата на Централниот одбор ќе се одржи во х.Холидеј Ин во Скопје“, се наведува во соопштението.
Денеска и Централниот совет на ДУИ, ќе дискутира за изборите и коалицискиот договор. Седницата на советот ја свика лидерот на ДУИ, Али Ахмети.