ОВЕН
(21 март – 19 април)
Денешните енергии ја будат вашата желба да се справите со малите проблеми. Ќе се фокусирате на приоритетите и денеска е добро да ги надминете грешките. Вашата интуиција е одлична за деловни и за финансиски прашања.
Работа: Стабилно на деловен план.
Љубов: Невозвратената љубов ве измачува.
Здравје: Проверете го очниот притисок.
БИК
(20 април – 20 мај)
Немојте да чекате некој да ве спаси. Фантазирањето за она што сакате да го видите во вашите пријателства може да биде само привремена фиксација на вашето расположение. Трудете се да одвоите време за креативни активности, можеби и за хобито во коешто навистина уживате.
Работа: Соработка со некој од знакот Риби е добра идеја.
Љубов: Уживате во вниманието што ви се пружа.
Здравје: Малку повеќе сон добро ќе ви дојде.
БЛИЗНАЦИ
(21 мај – 21 јуни)
Направете посебен напор да го негувате вашето здравје, физички и емотивно. Одморете се од дневните напрегања, Размислувајте за мали, остварливи цели, сè додека не добиете појасна слика за мастер планот. На овој начин, активно ќе ја градите вашата самодоверба, наместо да чекате животот да ви се случи.
Работа: На повидок конфликт на работното место. Подгответе се.
Љубов: Страст. Конечно…
Здравје: Вардете се од воспаленија.
РАК
(22 јуни – 22 јули)
Вашата љубопитност е силна. Ви треба поголема концентрација. Партнерот може да ви помогне подобро да се фокусирате. Денеска може со него добро да се надополнувате.
Работа: Тимот добро функционира.
Љубов: Наклонети сте кон лице од знакот Вага.
Здравје: Коректно, може и подобро.
ЛАВ
(23 јули – 22 август)
Добро време е да се смирите и да посветите повеќе внимание на практични, материјални, „земни“ потреби. Обидете се да не го расфрлате вашето внимание на премногу различни теми и интереси во исто време, бидејќи тоа може брзо да доведе до забуна или напнатост.
Работа: Ве очекува значаен предизвик во вашата кариера. Стојте со нозете цврсто на земја.
Љубов: После плима, доаѓа осека.
Здравје: Водете сметка за циркулацијата. Ако почувствувате проблеми, не експериментирајте со бапски лекови, јавете му се на лекарот.
ДЕВИЦА
(23 август – 22 септември)
Силно сте фокусирани на вашите емоции. Денеска можеби ќе побарате повратна информација или потврда за вашите чувства. Во моментов не е лесно да се разберат мотивите на другите, но најдобро е да не се притискате. Трудете се да бидете спонтани.
Работа: Ќе ви се подобри финансиската ситуација.
Љубов: Премногу очекувате од партнерот.
Здравје: Контролирајте го притисокот.
ВАГА
(23 септември – 22 октомври)
Добро време да научите повеќе за вашите внатрешни потреби и мотивации. Ако чувствата ви се замаглуваат и ве поттикнуваат да погледнете внатре во себе, сторете го тоа. Со повеќе мир во себе, веројатно ќе доживеете успех во надворешниот свет подоцна.
Работа: Добар ден за преговори и договори.
Љубов: Без проблеми.
Здравје: Настинки.
СКОРПИЈА
(23 октомври – 22 ноември)
Денешната Месечина ја охрабрува идеалистичката страна на вашата природа. Во наредните денови, веројатно ќе бидете опседнати со вашите копнежи и желби. Можеби ќе се чувствувате неисполнето. Можеби ќе се чувствувате и поттикнати да ги изразите своите подлабоки чувства креативно или уметнички.
Работа: Дајте повеќе од себе.
Љубов: Сами не знаете што сакате, како ќе знае партнерот?
Здравје: Пад на имунитетот.
СТРЕЛЕЦ
(23 ноември – 20 декември)
Можеби има потреба да направите планови поврзани со вашата кариера или со долгорочните цели токму денеска. Недостатокот на јасен фокус може да биде проблем. Имате идеи, но ви недостасува и самодоверба. Побарајте начини да стабилизирате некои работи во вашиот личен живот, тоа ќе ви донесе поголема самодоверба и на професионален план.
Работа: Ве очекува супер ден. Не по ваша заслуга.
Љубов: Имајте доверба во партнерот.
Здравје: Вежбајте!
ЈАРЕЦ
(21 декември – 19 јануари)
Може да имате големи надежи денеска. Подобро е да се преземат мали чекори напред. Обидете се да пронајдете здрави начини за задоволување на вашиот порив за успех.
Работа: Денеска ќе размислувате за нови вложувања. Не избрзувајте!
Љубов: Врви некако…
Здравје: Добро.
ВОДОЛИЈА
(20 јануари – 18 февруари)
Чувствата се продлабочуваат денеска, со Месечината во вашиот интимен сектор во текот на целиот ден. Можеби ќе побарате посилна врска со вашиот внатрешен свет, некоја посебна личност или некој посебен интерес. Проблематичните области се парите, интимата и сопственичките односи.
Работа: Проблеми во комуникацијата со соработниците.
Љубов: Бидете потолерантни со партнерот.
Здравје: Пак ве мачи ‘рбетот.
РИБИ
(19 февруари – 20 март)
Можеби ќе треба да направите прилагодувања, за другите да можат да ви помогнат долгорочно. Пречувствителни сте на расположението на луѓето од вашата околина, што може да ви ја загрози перцепцијата за тоа што сакате вие, а што сакаат другите.
Работа: Бидете дел од тимот, а не осамен коњаник.
Љубов: Нова врска на повидок.
Здравје: Да направите крвна слика секогаш е добра идеја.