
Можно е одлагање на денешната седница за избор на претседател на Собранието и утрешната за избор на владата, објави Лидер.
Двајца пратеници на ДУИ се бунтувале против изборот на министри кој го направи Али Ахмети.
Седницата можно е да не се одржи денес, бидејќи во ДУИ има 2 пратеници кои се против предложените нивни министри, бараат дополнителни разговори со Ахмети.
Информациите се дека незадоволството е од Османи и Артан Гриби. Интересно е што Груби добил поддршка и од Мијалков кој активно лобирал.
Во СДСМ пратениците се под контрола, но некои 2 пратеници од коалицијата биле незадоволни за ветени а недобиени позиции. – брифира за Лидер извор од собранието.
Седницата за избор на претседател на Собранието треба да се одржи денес, но, да видиме дали ќе се реализира најавеното.