
Гранати и муниција се пронајдени во близина на струшкото село Калишта.
На нива меѓу селата Франгово и Калишта, полицијата денеска пронашла муниција, гранати и рачни фрлачи (РПГ).
Оружјето е пронајдено напладне, по претходно собрани оперативни сознанија.
Денеска околу 12 часот во нива меѓу селата Франгово и Калишта, струшко, по оперативни сознанија пронајдена е разновидна муниција, гранати и РПГ – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Од полицијата информираат дека во координација со обвинителството се работи на расчистување на случајот.