
Пејачот Боби Павловски пред само неколку минути на својот профил на Фејсбук ги извести своите пријатели дека се инфицирал со коронавирусот.
Како што пишува во неговиот статус и покрај тоа што внимавал и ги почитувал мерките, вирусот не го одминал.
Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:
-Пријатели, колеги, соработници, морам да ве известам дека за жал мојот тест за ковид е позитивен, покрај сите витамини, мерки и пазења, маски, дезинфекции, сепак стигна и до мене. Носете маски, држете дистанца, ако имате симптоми, пријавете, тестирајте се, седете дома, не ја ширете заразата, бидете совесни. Се надевам дека се ке помине најдобро. Пазете се и чувајте се , напишал Павловски на својот профил.