Поплави во Турција – 3 лица загинаа, 11 се исчезнати (ВИДЕО)

Три лица загинаа во поплавите предизвикани од силни врнежи во Турција, додека 11 се водат како исчезнати, потврди министерот за внатрешни работи на оваа земја, Сулејман Сојлу.

Сојлу соопшти дека надлежните органи спасиле 127 лица, додека еден од починатите во поплавите бил полициски службеник.

Поради силните врнежи на турското крајбрежје на Црно море се покренале и свлечишта, станарите на станбените згради во провинцијата Риза се евакуирани.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=E6vyt1ygfUA&feature=emb_logo