Девојче оживеа во текот на подготовките за нејзиниот погреб

Дванаесетгодишното девојче Сити Мусфуфах Варда во Индонезија ненадејно оживеало додека роднините го подготвувале нејзиното тело за погреб, пренесува порталот Daily Star.

Девојчето било хоспитализирано на 18-ти август поради копликации од хроничен дијабетес. Тоа било прогласено за мртво истата вечер, а нејзиното семејство почнало да се подготвува за погребната церемонија.

Сити Масфуфах Варда за кратко се врати во живот, откако починала во индонезиска болница (Фото: Newsflash)

Според изјавите на очевидци, меѓу кои и нејзиниот татко, во текот на ритуалното миење на телото, девојчето ненадејно ги отворило очите, телесната температура ѝ се покачила, а срцето повторно почнало да ѝ чука.

За жал, и покрај напорите на лекарите кои ѝ дале респираторна помош и реанимација, а кои веднаш ги повикале роднините, девојчето сепак починало еден час по „оживувањето“. Подоцна била погребена на селските гробишта.

Таткото Нгасијо го опишал за медиумите неверојатниот момент кога неговата ќерка се вратила во живот

Началникот на полицијата на округот Лумбанг, Мухамед Дугел, го потврдил инцидентот по посетата на домот на девојчето.

„Точно е дека имаше случај кога девојчето почина и се врати во живот, откако претходно било лекувано во регионалната болница. Откако била измиена, нејзиното тело се вратило во живот. Околу еден час таа беше жива, а потоа повторно почина“, изјавил Дугел за медиумите.

Според експертите кои ги консултирал весникот, инциденот може да се должи на феноменот познат како враќање на спонтаната циркулација (ROSC) или како „Лазаровиот синдром“.

Имено, кај пациент починат од срцев удар циркулацијата може спонатно да се обнови, што доведува до обновување на дишењето и работата на срцето, движење и обично се случува околу 10 минути по потврдувањето на мозочната смрт. Третманот со кардиопулмонална реанимација и дефибрлација ги зголемува шансите за појава на ROSC. Сепак, понекогаш луѓето кои „се враќаат во животот“ умираат повторно веднаш по враќањето на циркулацијата, како што бил случајот со младата Сити.