Германските доктори тврдат дека Навални е веројатно отруен

Тестирањето покажало дека рускиот опозициски активист Алексеј Навални веројатно е отруен, соопшти во понеделникот берлинската клиника „Шарите“, каде што беше префрлен на лекување од Русија, каде што, пак три различни лаборатории не најдоа траги на отров.

Во соопштението се наведува дека медицински тим, кој го прегледувал Навални, утврдило инхибитор на ензимот холинестераза, супстанција која се наоѓа во некои лекови, но и во пестициди и во нервни агенси, пренесува Associated Press.

„Клиничките податоци укажуваат на интоксикација со супстанција од групата блокатори на холинесераза. Специфичната супстанција сѐ уште не е позната“, се истакнува во соопштението.

Ефектот на инхибиторите на холинестеразата била откриена „постојано“, во резултатите од неколку независни лабораториски тестови, се наведува во соопштението. Лекарите, меѓутоа, наведуваат дека во овој момент не можат да утврдат на која од тие супстанции Навални бил изложен. Лекарите планираат дополнителни тестови.

„Исходот од болеста и натаму е нејасен, долгорочните последици не може да бидат отфрлени, особено во сферата на нервниот систем, во секое време“, се наведува уште во соопштението на клиниката „Шарите“.

Во објавата се додава и дека Навални се уште е на одделот за интензивна нега во индуцирана кома, како дека неговата состојба е сериозна, но дека живот не е загрозен. Во моментов ги лекуваат со препаратот атропин.

Навални, долгогодишен противник на рускиот претседател Владимир Путин, кој откако не се етаблира цврсто меѓу руската опозиција ја формираше Фондацијата за борба против корупцијата, изгуби свест на патот од Томск за Москва минатиот четврток. Според неговата портпаролка Кира Јармиш, тој освен чај во кафетеријата на аеродромот во Томск не консумирал ништо друго. Авионот со Навални итно слета во Омск каде што беше хоспитализиран, а по инсистирање на семејството и германските лекари беше префрлен во Берлина со посредство на фондацијата невладино здружение Cinema for Peace.