
Инхибитори (блокатори) на ензимот холинестераза, за чиишто наводни траги во крвта на рускиот опозициски активист Алексеј Немцов, претходно во понеделникот објави берлинската клиника „Шарите“, не се идентификувани во текот на неговите медицински прегледи во болницата во Омск, изјави во понеделникот вечерта за медиумите шефот на одделот за акутни труења во омската болница, Алескандр Сабаев.
Претходно во понеделникот берлинската болница „Шарите“, каде по инсистирање на семејството и официјален Берлин беше пренесен Навални, соопшти дека тој веројатно бил отруен. Според нив наодите потекнувале од три различни лаборитарии и била пронајдена супстанција од групата блокатори на холинестераза, која сѐ уште не е идентификивана.
Станува збор за супстанција инхибитор на ензимот холинестераза, скоја се наоѓа во некои лекови, како во оние за деменција, но и во пестициди и во нервни агенси.
„При приемот во болницата Алескаен Навални беше подложен на истраги од широк спектар наркотички, синтетички супстанции, психоделици и лекарства, вклучително и на инхибатори на холинестераза. Резултатите беа негативни“, рече Сабаев које е и главен токсиколог на Омската област и на Сибирскиот федерален округ.
Пред да биде транспортиран во Берлин, на примероци од Навални во Русија направени независни испитување исто така во три различни лаборатории, кои според резултатите не дале показатели дека станува збор за труење.
„Покрај тоа, кај него (Немцов) немало клиничка слика специфична за труење со супстанца од групата инхибатори на холинестераза. Како што рековме и претходно, подготвени сем да ги споделиме со германските колеги примероците од биоматеријалот на Александар Навални за нивно сеопфитно проучување“, додаде Сабаев.
Германските лекари, појасните претходно дека не постои опасност по животот на Навални, но оти не исклучуваат долгорочни последици за нервниот систем.
Според соработничката на остриот критичар на Кремљ, Кира Јармиш, која го придружувала на летот пред четири дена, Навални консумирал само чај во кафетеријата на аеродромот од Томск од каде полетал за Москва. Според очевидци од летот, Навални по полетувањето отишол во задниот дел од авионот, веројатно во тоалетот, а откако се вратил на своето место му се слошило и изгубил свест. Поради тоа авионот бил принудно спуштен во Омск, а Навални веднаш префрлен во тамошната болница специјализирана за труења и интензивна нега.
Претходно по објавата на германската болница, се огласија во заедничка изјава германската канцеларка Ангела Меркел и министерот за внатрешни работи Хаико Мас и побараа одговорност за труењето на Навални. „Оние кои се одговорни мора да бидат откриени и казнети“, се истакнува во изјавата.