Трамп ненајавено се појави на републиканската конвенција во Шарлот

Американскиот претседател Доналд Трамп ненајавено во понеделникот се појави на националната конвенција на Републиканската партаија во Шарлот во сојузната држава Северна Каролина каде малку претходно официјално потврден за републикански претседателски кандида за изборите на 3-ти ноември.

„Мораме да победиме, ова се најважните избори во историјата на нашата земја“, изјави претседателот Трамп, додавајќи дека земјата може да тргне во „ужасна, ужасна насока“, или „во уште подобар правец“ од овој досега.

„Бевме многу поделени под претседателот (демократ Барак) Обама“, има порача Трамп на делегатите на конвенцијата.

Потпретседателот Мајк Пенс, исто така, се појави на конвенцијата, повикувајќи на повторен избор на актуелниот републикански претседател.

„Повторно ќе го избереме претседателот Доналд Трамп на уште четири години и со вашата континуирана поддршка и со Божја помош ќе ја направиме Америка повторно и повторни голема. Влоговите никогаше не биле поголеме“, порача Пенс.

Претходно Трамп очекувано повторно беше номиниран за републикански кандидат на претседателските избори на 3-ти ноемви, кога ќе му се спритистави демократскиот кандидат, порашениот потпретседател Џон Бајден. Пенс, исто така, беше повторно потврден за кандидат за потпретседателската должност.

Претходно беше најавено дека Трамп вечерва, како и следните три вечери додека трае конвенцијата во Шарлот, ќе се обраќа од Белата куќа.