
Во Словенија во последните 24 часа потврдени се нови 14 случаи на заразата со коронавирусот починала, објави во понеделникот словенечката влада.
Со спроведени 543 тестирања потврдени се 14 нови случаи на зараза, што е помалку од претходниот ден кога кај 760 тестирани лица заразата потврдена кај 34 лица, а ниеден смртен случај. Помалиот број тестирања во текот на викендите е вообичаен, па и бројот на потврдени случаи обично е помал.
Според податоците на словенечкото министерство за здравство, бројот на вкупно инфицираните од почетокот на епидемијата се зголеми на 2.665 лица по спроведени 150.693 тестирања, а починале 133 забилени лица.
Поради влошената епидемиолошка слика во соседна Хрватска, каде има доста словенечки туристи но и во Словенија последните денови, владата на крајот од минатата седмица ги заостри контролите на границата за да може да ги контролира ткн „увезени“ случаи на коронаинфекцијата.
Словенечката влада ги предупреди своите туристи кои сѐ уште престојуваат во Хрватска дека во понеделникот до полноќ истекува рокот до кога мора да ја минат границата без одредување на 14-дневниот карантин.