Започнува републиканската конвенција со обраќање на Трамп секоја вечер

Четиридневната национална конвенција на Републиканската партија започнува во понеделникот навечер со обраќање на актуелниот претседател Доналд Трамп секоја вечер, вклучително и последната кога ќе ја прифати партиската номинација за американските претседателски избори на 3-ти ноември.

На конвенцијата ќе настапат неговите деца, челниците на Републиканската партија и неколку Американци кои станаа икони на конзерватизмот.

Во понеделникот вечерта говор ќе одржи потпретседателот Мајк Пенс, американската амбасадорка при Обединетите нации, Нимрата „Ники“ Хејли, како и брачната двојка од сојузната дрќава Мисури којашто со оружје пред својата куќа ги пречека ограбувачите кои ги следеа демонстрантите од движењето „Црните животи се важни“ кои од мај се одржуваат во американските градови по полициското убиство на афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис.

За разлика од кампањата во 2016 година, Трамп во 2020 година во изборната трка велгува со целосна поддршка од водечките републиканци, иако и овој пат според анкетите заостанува зад деморкатскиот против кандидат Џо Бајден во пресудните сојузни држави. Но според последните истражувања на јавното мнение, поддршката на Бајден е намалена во однос на Трамп.

Четиридневната конвенција, која се одржува во атмосфера на епидемијата на коронавирусот во која починаа 170.000 Американци, ќе биде клучна за оформувањето на предизборните пораки на Трамп, кои почиваат на патриотизмот и економскиот напредок.

Пред почетокот на конвенцијата Трамп се најде на удар на негативна кампања во која вклучи апсење на шефот на неговата кампања од пред четири години Стивн Бенот и објавување телефонски разговори на неговата постара сестра во која таа го критикува неговиот карактер.