
Грашаните на Општина Ѓорче Петров ќе добијат парична казна доколку сушат алишта во својот двор.
Ваквите глоби се предвидени со новите измени и дополнување на одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување на подрачјето на општината.
„Во дворните места што се со поглед кон улица или плоштад, не е дозволено сушење на алишта.
За непочитување на одредбите од овој член на одлуката, на сопствениците/корисниците на местата, комуналниот инспектор на општината или комуналниот редар ќе им изрече глоба согласно Законот за комуналните дејности“, гласи одлуката на Општина Ѓорче Петров.