Саутгејт сепак го избриша Мекгваер од списокот за натпреварите во Лигата на нациите

Англискиот фудбалски селектор Герет Саутгејт сепак реши да го повлече бекот на Манчестер Јунајтед, Хари Мекгваер од списокот со играчи за натпреварите во рамките на Лигата на нациите против Исланд и Данска, објави во вторникот вечерта Англиската фудбалска федерација (FA).

Одлуката фудбалот да биде повлечен од списокот беше донесена дека Мекгваер е осуден на 21 месец затвор условно во Грција, бидејќи беше прогласен за виновен по повеќе точки по насилство во ноќен клуб на островот Миконос минатата седмица.

Мекгваер е осуден поради нанесување телесни повредеи, обид за подмитување, напад службено лице и навредување, откако биле приведен по тепачката. Англискиот репрезентативец, кој е едно од трите лица уапсени по кавгата со полицијата, тврди дека не сторил ништо лошо, туку дека реагирал на тоа што некои лица наводно ѝ ставиле дрога за силување во пијалокот на неговата сестра.

Според локалните медиуми тој со братот и пријател се степал со некои англиски туристи во ноќен клуб, а потоа пружал отпор при апсењето.

И покрај тоа, Саутгејт претходно денеска го повика Мекгваер, што вечерва е повлечена, за мечевите против Исланд на 5-ти септемри и Данска на 8-ми септември.