
Демократската партија се обидува да ја украде победата на претстојните претседателски избори на 3-ти ноември, користејќи се со разни средства, обвини во понеделникот американскиот републикански претседател Доналд Трамп.
Американскиот челник говореше на републиканската национална конвенција во Шарлот, во сојузната држава Северна Каролина, откако едногласно беше потврдена неговата номинација за претедателски кандидат на Републиканската партија.
Трамп уште еднаш остро го критикуваше дописното, односно гласањето по пошта, кое го предлагаат демократите поради пандемијата од коронавирусот.
„Тие (демократите) се посветени да го искористат Covid, за ги украдат изборите. Тие го користата Covid за да го измамат американскиот народ, сите наши луѓе, чесните и слободни избори“, рече Трамп.
Според податокот што го претстави, генерално, околу 80 милиони гласачки ливчиња на овие избори може да бидат испратени по пошта.
„Тоа е неправедно, не е правилно. И, според мое мислење, ќе биде невозможно да се пребројата гласовите. Едноставно така мислам“, рече Трамп.
Според него, демократите се заинтересирани за гласањето преку пошта зашто тоа овозможува махинации на изборите. Трамп уште еднаш истакна дека избори се одржувале во САД и во услови на војна. Пандемијата и како резултат на неа санитаринте и епидемиолошки ограничувања не може да го попречат директното гласање, смета Трамп.
„Ова се најважните избори во историјата на нашата земја. А единствен начин на кој може да ни ги одземат овие избори е ако тоа се лажни избори. Ќе победиме“, истакна американскиот претседател.
Трамп во својот говор се насочи и на пораката „закон и ред“, како одговор на раширените расни протести кои ги поддржуваат неолибералите по полицискот убиство на афроамериканецот Џорџ Флојд во мај во Минеаполис, а кои се прудружени со масовни безредија и судири со полицијата, убиства, грабежи и палежи, демолирања на приватни објекти, како и на административни згради.
Исто така, американскиот претседател ги поттикнуваше во говорот училиштата и компаниите повторно да отворат и покрај епидемијата на коронавирусот за да не се сопира животот.
Во својот говор Трамп практично и не ги допре надворешнополитичките теми. Сепак, очекувано, повторно ги обвини кинеските власти дека наводно не преземале соодветни мерки за навремено да го спречат ширењето на новиот коронавирус, поради што последиците од пандемијата се толку опипливи за САД и американската економија. „Но тоа нема да го заборавима“, порача.
Ненадејното појавување на Трамп во централниот изложбен комплекс во Шарлот, каде што се одржува четиридневната републиканска конвенција предизвика овации од страна на делегатите и повици „Уште четири години!“, односно уште еден мандат. Трамп на сопартијците им одговори „Ако навистина сакате да го доведете (политичките опоненти) до избезуменост, треба да кажете Уште 12 години“.