
Српското министерството за здравство во средата соопшти дека во земјата во изминатите 24 часа се забележани уште 154 слуичаи на коронаинфекција и уште двајца починати пациента.
Од почетокот на епидемијата на коронавирусот во Србија, според официјалните податоци, починале 707 лица.
Во изминатото деноноќие во земјата се тестирани 9.932 лица, а од почетокот на епидемијата 95.507 луѓе.
Вклучувајќи ги и најновите податоци, од почетокот на епидемијата во Србија од Covid-19 заболеле 30.974 лица, а на лекување во болниците моментално се 734 пациенти, од кои на респиратори се 37 пациенти.