
Шеснаесетгодишник кој управувал со лимузина „мазда“ учествувал во сообрачќајна незгода која се случила доцна измината ноќ во скопски Драчево, при што повреден е маж кој управувал мотоцикл.
Во средата во 2 часот по полноќ било пријавено дека во Скопје на крстосницата од улиците „Јустинијан први“ и улицата „Солунска глава“ се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „мазда 6“ со скопски регистарски ознаки управувано од 16-годишник од Скопје и мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки управуван од 41-годишниот М.С. од скопското село Студеничани, информираат од МВР.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.