МВР излезе со детали за пожарот во Бутел

Ноќта во средата околу 23,30 часот било пријавено дека во Скопје на улицата „Александар Урдаревски“ на плац за камиони биле опожарени три камиони влекачи со полуприколки, од кои едниот бил празен, а два натоварени со волница и една полуприколка без влекач, инфомираат од МВР.

Од пожарот на соседниот плац во населбата Бутел биле делумно опожарени две полуприколки и четири полуприколки-ладилници.

Пожарот бил локазизиран од Бригадата за противпожарна заштита. Во тек е увид од увидна екипа од СВР Скопје.