
Три нови случаи на зараза со новиот коронавирус се потврдени во четвртокот во Кавадарци, информираат од тамошниот Центар за јавно здравје.
Станува збор за сопружници на возраст од 45 и 48 години, вработени во поголема приватна фирма, и уште едно лице на возраст од 63 години. Поради пројавени симптоми се тестирале и со лесна клиничка слика остануваат на домашно лекување.
Сите новорегистрирани пациенти навеле дека не знаат од каде се инфицирале и тврделе дека немале контакт со лице кое е веќе позитивно.
Во тек на вчерашниот ден пак, во Неготино беше регистриран еден позитивен случај, маж на возраст од 67 години, кој поради друга дијагноза се наоѓал на болничко лекување. И тој навел дека не знае од кого се заразил и е со блага клиничка слика.