
Времето утре ќе биде претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени.
УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 34 степени.
Продолжува периодот на сончево и топло време со пораст на дневната температура. Особено топло ќе биде во недела и понеделник, кога во најголем дел од земјава температурата ќе надмине 35 степени.