(ВИДЕО) Полицијата во Кеноша тврди дека застрeланиот Блејк имал нож во автомобилот

Дваесет и деветгодишниот афроамериканец Џејкоб Блејк од грaдот Кеноша, кој е тешко ранет во полциска акција со прекумерна и несоодветна употреба на сила што ги засили немирите на антирасните протести во САД и предизвија бојкот на кошаркарите во НБА лигата, имал нож во својот автомобил, соопштија властите на сојузната држава Висконсин.

Во соопштението на министрството за правосудство на оваа северна американска сојузна држава, се потврдуваат некои претходни медиумски извештаи дека полицијата била повикана на местото на инцидентот поради семејно насилство, односно по телефонски повик на жена во Кеноша која рекла дека кај неа е „пријател кој таму не смеел да биде“.

Кога полицајците излегле на терен, се додава од соопштението, полициските службеници „безуспешно се обидувале да го приведат“ Блејк со помош на електричен парализатор (електоршокер).

Од снимките од инцидентот кои ги снимил случаен минувач и го објави на социјалните мрежи по што еруптираа протестите и безредијата проследени со насилства со жртви во Кеноша, се забележува дека Блејк не застанува на повиците на полицијците кои потоа, според информациите од болницата, седум пати му застрелале во грбот додека во автомобилот биле трите негови сина, на три, пет и осумгодишна возраст.

Според истрагата, Блејк ги предупредил полицајците дека „кај себе има нож“. Иследниците го пронашле ножот на подот во автомобилот во кој немало друго оружје. Притоа истрагата го откри името на полицаецот кој пукал во грбот на мажот, Растен Шески кој засега привремено е отстранет од должноста заедно со уште еден колега.

Веднаш по инцидентот протестот во Кеноша прерасна во безредие, беше потпалена зградата на локалниот суд, имаше масовни грабежи и демолирања на јавни и приватни имоти, како и судири со полицијата. Американските медиуми објавија снимки на опожарени стотици возила на продажни плацеви, и од подметнати пожари во објекти.

Ерупцијата на тензиите предизвика и самоорганизирање на локалното население кое се вооружува за одбрана на своите имоти. Во еден таков инцеден во сѐ уште нејасни околности во близина на приватна бензинска пумпа беа убиени две лица е едно е тешко рането. За овој случај е уапсен 17-годишник, кој наводно се придружил на групите за ткн самоодбрана, кој е осомничен дека со полуавтоматска пушка е извршител на двојното убиство. Осомничениот е идентификуван како Кајл Ритенхаус, кој живее во соседнито Антиох, во сојузната држава Илионоис, триесетина километри од Кеноша.

Овој инцидент во Кеноша се случи три месеца по полициското задушување на афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис, по што нестивнуваат протестите низ САД против расизмот и полициската бртуалност на движењето „Црните животи се важни“ и на неолибералните активистички групации. Неколку кошаркари, почнувајќи од играчите од соседен Милвоки, во знак на солидарност решија да ги бојкотираат натпреварите во доигрувањето, што ја натера НБА лигата да одложи три меча. „Бараме промени. Доста е“, објави на Twitter ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс.