
Американскиот претседател Доналд Трамп оцени во четвртокот дека НБА лигата се однесува како политичка организација по бојкотот и откажувањето на неколку кошаркарски натпревари поради новиот случај кој се припишува на расна нетрпеливост и полициската бруталност.
Високопозиционирани функционери на Белата куќа претходно изјавија дека протестите на кошаркарите не биле конструктивни и ги критикуваа за „лицемерие“ и молкот на кршењето на човековите права во Кина каде што на НБА лигата организираше во минатото натпревари на своите клубови.
Во средата кошаркарите на Милвоки Бакс го започнаа бојкотот одбивајќи да се појават на теренот на мечот со Орландо Меџик, поради случајот на пукањето на полицијата во грбот на 29-годишниот афроамериканец Џејкоб Блејк во градот Кеноша. НБА лигата објави дека ги одложува натпреварите кои требаше да се одиграат во четвртокот, но изрази надеж дека доиграувањето ќе продолжи во петок или сабота.
„Не знам многу за потестите во НБА, мислам дека НБА им стана здодевна на луѓето. Тие (НБА) станаа како политичка организација и тоа не е добро“, изјави Трамп пред новинарите во четвртокот, истакнувајќи дека рејтингот и заработките на лигата се доста намалени во однос на претходните сезона. „Мислам дека тоа не е добра работа за спортот или за земјата“, додаде американскиот претседател.
Претходно во четвртокот и шефот на канцеларијата на потпретседателот Мајк Пенс во интервју за телевизијата CNN изјави дека протестите во НБА лигата поттикнати од полицското пукање во Кеноша во Висконсин се „апсурдни и глупави“ во однос на нивниот одговор на „постојаните кршења на човековите права во Кина“.
НБА лигата во јули беше остро критикувана од републиканците по извештајот на спортската мрежа ESPN дека млади учесници развојната лига во Кина, каде што НБА лигата има бројни поклоници, биле физички претепани од инструктури и не им биле овомозжено легално школување.
Шорт, исто така, го постави прашањето зошто играчите и тренерите во НБА лигата главно се воздржаа од критиките на кршењето на човековите права во Кина и изразувањето на поддршката за демонстрантите во Хонгконг. Во друго интервју за MSNBC во четвртокот Шорт рече дека НБА „ја прифати Комунистичката партија на Кина“. „Има разлики во позициите кои ги заземаат“, истакна Шорт.
Зетот на претседателот Трамп и негов високопозициониран финкционер, Џаред Кушнер, за CNBC обрати внимание на тоа што НБА играчите поради своите статуси во општеството и финансиските бенефити и немаат толкава врска со животот на обичните луѓе. Во одделна изјава за Politico, Кушнер рече дека имал намера да контактира со ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, кој отворено се заложи за промените во полицијата.
„Сметам дека мирните протести имаат место и своја важност. Но мислам дека она што треба да го сториме сега е да осигуриме да се надмине гневот кај граѓаните и да минеме од пароли на конструктивни решенија“, рече Кушнер.
Сенаторот Том Котон, кој е поддржувач на претседателот Трамп, за телевизиската мрежа Fox News изјави дека реакцијата на играчите во НВА лигата поради инцидентот во Кеноша е „преуранета“. „Не траба да се оди со заклучоци сѐ додека ги немаме сите факти“, рече Котон.
Но не сите од опкружувањето на Трамп се критични кон потегот на играчите во НБА лигата. Орландо Меџикс, кои се во сопственост на семејството на трамповата министерка за образование Бетси ДеВос, излегоа со изјава во која се обединети со играчите и лигата во „осуда на фанатизмот, расната неправедност и неоправданата употреба на сила од страна на полицијата врз обоените луѓе“.