
Државниот здравствен и санитарен инспекторат со решение го затвори пунктот за земање на брисеви за ковид 19 на Центарот за јавно здравје – Струмица.
Воедно, од таму го задолжија директорот во најкус рок да обезбеди соодветна просторија во оваа јавна здравствена установа.
Претходно, ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека брисевите во Струмица се земаат во просторија која е сместена во станбена зграда во која живеат луѓе.