
Актерот Чедвик Боузман, кој неколку години се бореше со ракот на дебелото црево, почина во својот дом во Лос Анџелес, се вели во соопштението објавено на неговиот профил на Твитер.
Чедвик Боузман, американски филмски и телевизиски актер, ќе остане запаметен како крал на Тчала во филмовите на Марвел: Црн пантер, Капетан Америка: Граѓанска војна, Одмаздници: Војна на бесконечноста, Одмаздници: Крај на играта и Црн пантер 2.
— Chadwick Boseman (@chadwickboseman) August 29, 2020
Пред да се прослави како суперхерој на Марвел, Боузман постигна многу забележителни улоги со портретирање на афро-американските херои Џеки Робинсон и Џејмс Браун.
„Заминувањето на Чедвик е огромна загуба“, изјавил Кевин Фиџ, претседател и главен креативен директор на Марвел.
Патем, филмот „Црн пантер“ беше првиот филм за суперхерои кој беше номиниран за Оскар во шест категории, а освои три. Покрај тоа, Боузман, како Црн Пантер, му го претстави на светот ликот на моќен и внимателен црнец, кој беше водач на успешна африканска нација и суперхерој подготвен да се вклучи во секоја битка што ја сметаше за неопходна.