
Зоолошката градина во Варшава најави дека на слоновите, во рамките на пилот проект, ќе започне да им дава медицинска марихуана, тестирајќи на кој начин таа делува за стресот и анксиозноста која ја чувствуваат и овие големи животни.
Медицинската марихуана во некои делови од светот веќе се користи за лекување кучиња или коњи, но ова е првпат да се направи обид да се примени и во експеримент со слонови, велат полските ветеринари во репортажата на британскиот весник The Daily Mail.
Др Агнешка Чујковска, ветеринарка која го води проектот, верува дека „ова веројатно е првата иницијатива од овој вид кој се применува на слонови“. Истакнува дека таа и колегите ќе се обидат да најдат нова природна алтернатива за веќе постојните методи на отстранувањето на стресот кај слоновите. Истакнува дека притоа сака да се избегне користењето фармацевтски препарати.
На идејата за лекување на трите слона со медицинска марихуана ветеринарите дошле откако стадото во зоолошката градина во март морало да се соочи со смртта на алфа женката Ерна. Слоницата Феџиа по смрта на Ерна покажувала многу силни симптоми на стрес, истовремено трудејќи се да воспостави нов вид врска со другата слоница Буба.
Чујковска вели дека неретко минуваат месеци, па дури и години, пред слоновите да успеат да ја преболат смртта на постар член на стадото и повторно да воспостават хармонија, поради што Феџиа била идеален кандидат за експериментот.
Првата фаза од опитот била веќе завршена, а вклучувала собирање измет, лиги и крв од сите слонови за да се провери нивото на кротизолот, хормонот кој го произведува организмот кога е под стрес.
„Планираме да ѝ даваме масло од канабис и притоа постојано да го проверуваме нивото на кортизол. Тогаш сигурно ќе знаеме дали функционира оваа постапка“, вело др Чујковска.
Медицинската марихуана на слоницата ќе ѝ се дава директно во муцката или измешана со храна, а здравјето на другите слонови редовно ќе се проверува со тестови на крвта. Почетните дози ќе бидат слични на оние кои им се даваат на коњите, одноно десетина капки масло од канабис поделени во две до три дози дневно. Иако е дериват на канабосот, ова масло не ја содржи психоактивната супстанца THC.