
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 817 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-7, Куманово-3, Прилеп-8, Тетово-2, Струга-2, Гостивар-11, Гевгелија-2, Кочани-2, Кратово-1, Свети Николе-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравен пациент од: Скопје-6, Штип-21, Тетово-3, Струга-1, Битола-1, Гостивар-6, Гевгелија-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Виница-2, Кичево-4.
Починати се 4 лица, двајца пациенти од Куманово (43г и 66г), двајца од Скопје (71г и 77г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14330, бројката на оздравени пациенти е 11062, на починати е 600, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2668.