
На денешната собраниска седница за гласање на владата се обрати пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој рече дека власта од Македонија направи единствена држава која се уште нема концепт кога и како ќе почне учебната година.
-Не знаат дали ќе почнат од 1 октомври или покасно, дали онлајн или комбинирано. Тендерите не застанаа, но застанаа одлуките кои министерството за образование требаше да ги донесе. Ова е мандат на неуспех во образованието. Донесовте загриженост кај родителите. Вие како влада 4 месеци не успеавте да направите концепт како нашите деца и кога ќе ја продолжат учебната година, а земјите соседството и Европа имаат алтернативи кои ги понудија, нагласи Милошоски.
Неговиот сопартиец, пратеникот, Јован Јаулески, изјави дека денес образованието е на дното, без концепт и визија.
-Во последниве три години рангирањето на УКИМ се наоѓа на 1917 место од вкупно 2000 рангирани универзитети. Законот за високо образование остана празно слово на хартија, а престижниот Економист не стави на 8 место во светот по одлив на мозоци, рече Јаулески.