
Акцијата за спасување на жртвите на несреќата што се случи вчера во Кина, кога се сруши двокатен ресторан за време на роденденска прослава, заврши.
Несреќата се случила вчераутро, кога двоспратен ресторан во село на северот на Кина се срушил за време на прославата на 80-от роденден на еден од неговите жители.
Селото каде се случила несреќата се наоѓа во округот Чангфен во провинцијата Шанкси, околу 630 километри југозападно од Пекинг.
Официјалните лица не соопштија која била причината за несреќата, пишува Асошиејтед Прес.