8.8 C
Skopje
понеделник, март 3, 2025

Во Грција постојано расте бројот на заболени, денеска има 177 и еден починат

Од почетокот на месецов, Грција бележи постојан раст на бројот на заболени со коронавирус.

Во последните 24 часа, се забележани 177 новозаболени, а едно лице починало. Сепак, денешниот број на заболени е понизок од оној вчера, кога имало рекордни 269 заболени и пет починати, како и завчера со 251 и 6 починати. Ниту во четвртокот состојбата не била подобра, со 293 новозаболени и шест починати лица. Меѓу заболените имало и десетина туристи.

Според здравсртвените власти, вкупниот број на заболени изнесува 9977 лица , починале 260, а оздравеле 3804 лица.