
Попладнево околу 16:00 часот автомобил удри во пешак на Булеварот „Маршал Тито”, во центарот на Струмица.
Сообраќајната несреќа ја потврди портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска. Информираше дека автомобилот удрил во жена, која веднаш била пренесена во болницата.
Повеќе детали најави за подоцна по завршувањето на увидот.