
Амбасадорката на Соединетите држави во Македонија, Кејт Мари Брнз, на Twitter го честиташе формирањето на новата влада на премиерот Зоран Заев.
„Честитки за премиерот Зоран Заев и за парламентарното мнозинство по повод формирањето на новата влада. Како пријател и партнер очекувам соработка со Владата кон континуиран напредок во однос на реформиските цели на ЕУ и одлучна заложба за владеење на правото“, напиша амбасадорката Брнс на Твитер.