Мицкоски: Немам намера да поднесам оставка, не правам компромиси со криминалци во скутот на Заев

Јас немам намера да поднесам оставка, и се додека сум жив ќе се борам против оние мрачни сили кои  му служат на Зоран Заев и нема да правам компромиси со криминалци и со сите оние кои седат во скутот на Заев и кои наместо да бараат промена на оваа криминална влада, бараат оставка од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, рече лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски на прес конференција.

„Бараат вонреден конгрес, а немаат поднесено такво барање до архивата на партијата“, додаде Мицкоски и обвини дека станува збор за „мрачни сили“ кои ја уништија партијата и кои се богатеа благодарение на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да се борат за партијата, додаде Мицкоски, сега гледаат како да се спасат себеси и за да си го зашитат својот криминал.

„Како што кажав претходно, би било кукавички  сега да заминам. Ќе се борам против оваа антиреформска влада на Зоран Заев. Ова е почеток на крајот на СДСМ. Ова власт ќе паѓа на рати, нема да го дочека крајот на мандатот. Немам намера да си поднесам оставка за да му помогнам на Заев“, заклучи Мицкоски