
Трите опозициски коалиции имаат мнозинство во црногорскиот парламент, а Демократската партија на социјалистите на претседателот Мило Ѓукановиќ според сѐ судејќи по 31 година заминува од власта, потврди во понеделникот Државната изборна комисија.
По преобројаните 99,09 отсто до гласовите, Демократската партија на социјалистите освоила 35,10 отсто, односно 142.477 гласови, а коалицијата „За иднината на Црна Гора“, 32,62 отто, или 132.358 гласови.
Коалицијата „Мирот е нашата нација“ освоила 12,55 отсто или 50.941 глас,. „Црно на бело“ 5,55 отсто или 22.533 гласови, Социјалдемократите 4.09 отсто – 16.583 гласови, Бошњачката партија 3,8 отсто – 15.437 гласови, СДП – Силна Црна Гора 3,13 отсто или 12.697 гласови, Албанска листа 1,60 отсто ичли 6.486 гласови, а Албанска коалиција – Едногласко 1,15 отто или 54.675 гласови.
Хрватското малцинство на овие избори настапи поделено во две партии, Хрватската граѓанска иницијатива овоила 0,27 отсто или 1.104 гласови, а Хрватската реформска партија 0,13 отсто, односно 526 гласови, и според овие резултати не го минале цензисот. Со тоа, ДПС на Ѓукановиќ изгуби постојан коалициски партнер во парламентот, односно најмалку еден пратеник.
Одѕивот на овие избори во Црна Гора беше извонредно висок, гласале 76,68 потсто од впишаните избирачи, односно 410.263, од кои 405.807 биле важечки гласачки ливчиња.
Со ваквите резутлати досега владејачките парти на ДПС, Социјалдемократите, Бошњачката партија, Албанската листа и Албанската коалциија Едногласно освоиле 38 мандати.
Два мандата освоила СДП на Ранко Кривокапиќ, кој по 2016 година по 18 години ја напушти коалицијата со Мило Ѓукановиќ и отиде во опозиција.
Другите 41 од вкупно 81 мандати во црногорскиот парламент ги освоиле трите опозициски партии кои уште веднаш по затоврањеро на гласачите места прогласија победа, иако во текот на пребројувањето резултите секогаш беа тесни.
Ѓукановиќ поразен и на локалните избори
Партијата на Ѓукановиќ е поразане и на локалните избори во Будва, а опозицјата тврди дека освоила мнозинство и во Котора, но тоа сѐ уште не е официјално потврдено.
Во овие два града и на изборите во 2016 година победија опозициските партии и беа на власт речиси три години, а ДПС ги смени откако на сомнителен начин обезбеди поддршка од по еден опозициски пратеник, поради што беше обвинувана за политичка корупција.
ДПС е блиску и по 24 години да ја загуби и власта во Тиват, каде што веројатно ќе одлучува едниот мандат што го освои СДП на Кривокапаќ.
Приврзаниците на опозицијата, и покрај барањата на лидерите да не е слави за да се избегнат провокациии инциденти, ја славеа победата во текот на ноќта во повеќе градови, а во главниот град Подгорица силни полициски сили ги обезбедуваат виталните државни институции. Откако собирот заврши, полицијата во понеделникот утрото се повлече.
Сериозен инцидент се случи во Никшиќ, вториот град по големина во Црна Гора и родно место на Мило Ѓукановиќ, кога автомобил влета во симтаптизери на опозицијата кои на услиците ја прославуваа победата. Две лица се сериозно повредени и се задржани во болница.