
Времето во Македонија во понеделник ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец.
Утринската температура се движи од 10 до 18 Целзиусови степени, а дневната од 33 до 39 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје и околината ќе биде сончево и многу топло. Утринската температура се спушти до 17, а дневната ќе достигне до 37 степени.
Од вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе има и локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер, а дневната температура постепено ќе опаѓа.