Тројца повредени во тешка сообраќајка на „Илинденска“

Три лица од кои едно потешко се повредени во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на крстосницата од булeварот „Илинден“ и сервисна улица која води кон објект на град Скопје.

Во несреќата учествувале автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 46-годишниот М.С. од Скопје и мопед „бенели“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 27-годишниот Џ.Џ. од Скопје.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот на мопедот 30-годишниот Б.М. од Скопје, а со телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и сопатничка од возилото 43-годишниот Ц.С. од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, посочуваат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.