
Со нетрпение очекува да соработува со новата Влада на премиерот Зоран Заев – еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на својот твитер налог објави дека очекува продолжување на патот на реформи за ЕУ интеграција. Европа бара конструктивност и од другите политички чинители, а тоа може да се навести од статусот на поранешниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан, добро познат на македонската јавност
„Важно е сите сили во општеството да работат заедно кон оваа цел на остварување напредок на патот кон ЕУ’, напиша Вархеји.
Јоханес Хан, поранешниот еврокомесар за проширување исто така посака сѐ најдобро. Додаде дека е добро што повторно гледа влада со јасна европска агенда на функција.
„На премиерот Зоран Заев и неговиот тим им посакувам сѐ најдобро. Во интерес на земјата, на граѓаните и повторно како модел за целиот регион, важно е да се создаде конструктивна атмосфера помеѓу политичките чинители кога станува збор за исполнување на заедничките европски цели, напиша Хан на Твитер.