
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека неговата земја е отворена за дијалог со Грција со цел да се реши спорот за територијалните права на источниот дел на Средоземното Море и ресурсите што се наоѓаат таму, доколку и Атина е отворена за ваков дијалог.
На прес-конференција, Чавушоглу, исто така, оцени дека Грција се обидува да ја испровоцира Турција заземајќи непријателски став.
Турција и Грција тврдат дека имаат право на водите на источен Медитеран, кои содржат потенцијални наоѓалишта на јаглеводородни горива.