
Американската поп пејачка Кејти Пери пред неколку дена на свет го донесе своето прво дете. Сега новопечената мајка покажа како изглед по породувањето и што сè се сменило во нејзиниот живот.
Кејти одлучи да биде транспарентна за сè пред своите фанови.
Покажа како поминуваат нејзините први денови со ќеркичката Дејзи Доув и како сега изгледа нејзиното тело.
Пејачката позираше во долна облека – посебен градник наменет за доилки и гаќички со висок струк со стегач.

Притоа се пошегува дека за нејзината шминка и за фризурата се заслужни од козметичкиот салон наречен „умор“.
Со тоа Кејти даде до знаење дека мајчинската улога не е воопшто лесна, но како што објасни во медиумите заедно со нејзиниот партнер Орландо Блум, се радува на сè што е пред неа.
https://www.instagram.com/p/CEav2jYB12H/?utm_source=ig_embed