
Во вечерните часови на 31 август во полициското одделение Маврово било пријавено дека во селото Ниќифорово, на околу 500 метри од планинарскиот дом, бил пронајден починат 80-годишниот У.Ј. од Гостивар.
Доктор од Здравствениот дом Маврово констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа од канцеларијата за криминалистички работи во Гостивар.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на судска медицина.