
Во своето последно интервју, холивудскиот актер Бредли Купер откри дека бил специјално заштитен за време на карантин поради коронавирусот и дека со месеци не ја напуштил куќата за да не ја загрози својата мајка, која е сериозно болна.
„Најлошиот период го поминав во мојот дом со мајка ми, ќерка ми и двете кучиња пред мерките да бидат опуштени. Јас не ја напуштив куќата. Мајка ми наскоро ќе наполни 80 години и е тешко болна. Никогаш не пуштив никого во куќата, ниту отидов никаде. Ако се зарази со корона, тоа ќе биде крај на нејзиниот живот“, објасни грижливиот Купер, кој е крајно приврзан за неговата мајка.
„Живееме во куќа во градот со многу мала градина, но дури и тој мал дел во воздухот ни се најде во таа ситуација. Тука е и мојата немирна ќерка Леа, која ја научив да плива во када за време на карантин. Тоа навистина и се допадна“, рече актерот.