Сопственикот на објектот во ТЦ Мавровка правдата ќе ја бара во Стразбур: Власта ми ги остави вработените без плата, семејството без леб

Не градев нов објект, туку го обновував изгорениот објект, кој предходно беше со метална конструкција, имав одобрение за обнова на објектот, рече сопственикот на објектот пред ТЦ „Мавровка“ кој денеска се урива, Мевљудин Алити.

Според него, во таков случај не било важно со каков материјал ќе се обнови објектот, само да не излегува од постоечката површина.

„Нека урива државата како што е научена да урива. Ми ги остави вработените без плата, семејството без леб“, додаде Алити.

Сопственикот на објектот вели дека на суд ќе ја бара правдата, а ако треба ќе се жали и во Стразбур.